fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Важен ден за тутунарите-Дали премиерот Заев ќе понуди решение за проблемот со нереалниот откуп на тутунот

Седуммина претставници на тутунарите од Иницијативниот одбор и тројца од Сојузот на земјоделски здруженија денеска во 14 часот ќе присуствуваат на средба во Владата на Македонија со премиерот Зоран Заев, со цел да ги надминат проблемите со откупот на тутунот.

За претставниците на ИО ова е последна шанса, ситуацијата мирно да се реши и да се види кои се можностите за пореална проценка на тутунот. Ако оваа средба не вроди со плод блокадите и протестите ќе продолжат по интензивно, велат од ИО

Откупот тече непречено, но притисокот е голем кај Второстепената комисија каде пристигнуваат голем број на приговори.

Менде Стомнарски од Сојузот на земјоделски здруженија смета дека упорноста за буден надзор и реален откуп ќе даде резултати.

Според Зоран Шауриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат до 23 декември се доставени над 150 приговори.

Според МЗШВ просечната цена на тутунот изнесува 167 денари, а досега се откупени близу 3 000 тони тутун.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close