Органското производство расте, само нема млади земјоделци да работат
ВИДЕО - Во моментов во државата има околу 800 оператори на органска храна. За сега речиси целото нивно производство се пласира на домашниот пазар.
Македонија има идеални услови за органско производство, но тие не се доволно искористени. Она што најмногу недостасува е поголема информираност и едукација не само на земјоделците, туку и на потрошувачите, велат производителите на органска храна.
Според нив, интерес и можност за пласман има, но за да може пазарот многу полесно да го препознае овој вид на храна неопходно е дополнително да се вложи и во производи со додадена вредност кои ќе носат и поголем профит.
Производителите на органска храна кои веќе подолго време се занимаваат со овој тип на производство велат последните неколку одини има тренд на одредено зголемување на површините со органски производи, но проблем е што се намалува бројот на младите земјоделци.
Во моментов во државата има околу 800 оператори на органска храна. За сега речиси целото нивно производство се пласира на домашниот пазар.