fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Оригано и негови придобивки

Ориганото е повеќегодишно тревно растение, високо до 50 см. Има мали, густи темно зелени лисја и виолетов цвет.
Бидејќи ова растение потекнува од медитеранската клима, на ориганото му треба многу сончева светлина и се одгледува во лабава и сува почва.
Ова растение не бара претерано наводнување. Само кога почвата е целосно сува на допир, треба да се наводни.

Ако е засадено на отворено, се препорачува тоа да се засади во пролет. Потребно е да се скратат врвовите за 5-7 см, кога растението достигнува висина од околу 15 см, за да се забрза растот на страничните гранки. Цвета од јули до август.

Оранганото содржи витамини А и Ц, железо, молибден, селен и калциум.

Античките Грци верувале дека ориганото може да се користи како противотров. Тие го користиле за лекување на иритација на кожата и при инфекција. Античките Грци верувале дека кравите кои пасат во полиња со оригано имаат по вкусно месо, а исто така земале оригано пред спиење за да сонуваат за некој близок.

Како декор во градината е исто така убаво како градинарско растение, затоа што привлекува пеперутки и пчели.

Ориганото содржи природни инсектициди, така што нема потреба од заштита од штетници.

Како зачин, ориганото се користи при готвење свежо и суво. Свежо се додава во салати, јадења со месо и риба.

Најдобро оди со други билки: мајчина душица, босилек.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close