fbpx
ВестиМакедонија

Почна реконструкцијата на 110-киловолтниот делекувод Штип-Овче Поле

АД МЕПСО денеска започна со реконструкција на основниот 110 киловолтен далекувод од Штип до Овче Поле во дложина од 17,88 километри

АД МЕПСО денеска започна со реконструкција на основниот 110 киловолтен далекувод од Штип до Овче Поле во дложина од 17,88 километри, вреден 1,41 милион евра што треба да биде готов до крајот на октомври годинава.

Официјалниот почеток на изградбата на далекуводот денеска го означија премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани и претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Анди Аранитаси.

-Всушност станува збор за изградба на нов далекувод на постојната траса од стариот далекувод што е во функција од 1960 година кој ги поврзува трафостаниците Штип и Овче Поле во должина од 17,88 километри, поставен на 71 столб од кои 55 се бетонски, а 16 се челично-решеткасти. Изградбата на новиот далекувод опфаќа отстранување  на старите бетонски столбови и изградба на нови челично-решеткасти столбови, како и замена на опремата на постојните 16 челично-решеткасти столбови, односно замена на старите со нови проводници, заштитно јаже и изолатори, рече директорот Рамадани.

Станува збор, за како што рече, капитален проект во кој АД МЕПСО вложува 1,41 милион евра што е поддржан со средствата од заемот од ЕБОР.

-Со реконструкцијата на овој далекувод значително ќе се зголеми доверливоста и капацитетот на преносната мрежа во источниот дел од државата и на минимум ќе се сведат трошоците за одржување и ќе се намалат загубите во преносната мрежа. Со инвестицијата се поддржува зелената транзиција на производството на електрична енергија од јаглен кој обновливи извори на енергија (ОИЕ), бидејќи на овој далекувод во иднина ќе биде приклучена ветерната централа Богословец со моќност од 36 мегавати, рече Рамадани.https://nezavisen.mk/pochna-rekonstrukcijata-na-110-kilovoltniot-delekuvod-shtip-ovche-pole/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close