fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Оризопроизводителите бараат спас од Заев

Кочанските оризопроизводители попладнево во Влада се на средба со премиерот Зоран Заев, наместо денеска да го блокираат патот Штип-Кочани кај селото Облешево.

Кочанските оризопроизводители попладнево во Влада се на средба со премиерот Зоран Заев, наместо денеска да го блокираат патот Штип-Кочани кај селото Облешево.

Здравко Арсов од Иницијативниот одбор вели дека на средбата се повикани, откако на мината неделниот протест ги испорачаа барањата, но и го блокираа патот на двете коловозни ленти.

Барањата им се да добијат производствена цена на оризот од 25 до 30 денари и забрана за увоз на ориз, со цел да се заштити домашниот кочански ориз.

Во кочанско почната е жетвата на оризот, но во амбарите на оризопроизводители стои околу 40 отсто од минатогодишната реколта, поради ниската откупна цена на оризовата арпа.

Од исходот на средбата со премиерот Заев ќе зависи и дали кочанските оризопроизводители повторно револтот ќе го изразат со блокади на патот Штип-Кочани.https://telma.com.mk/2021/09/28/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close