Оризопроизводителите се жалат на ниската цена за откуп
Поради ниската откупна цена неизвесна е претстојната седиба на оризот во Кочанско-виничкиот регион. Оризопроизводителите порачуваат дека со цена од 35 денари за килограм бел ориз и со покачувањето на нафтата, оваа година нема и кој да го посее оризот. Бараат итна средба со ресорниот министер.
Оризопроизводителите произведуваат не лупен ориз, тие бараат најниската откупна цена да биде 25 денари за нај неквалитетната арпа. Според претставниците на Здружението на оризопроизводители пострашно е што во моментов нема заинтересирани откупувачи, а речиси половина од минатогодишната реколта стои во амбарите. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски порача дека се постојан контакт со претставници на здружението „Бело злато“.
Николовски најави дека ќе продолжат со исплатата на субвенциите, а во текот на наредниот период ќе ги информираат земјоделците и за новите мерки за 2018 година.
https://telma.com.mk/orizoproizvoditelite-se-zhalat-na-niskata-tsena-za-otkup/
телма.ком.мк