Оризот во маркетите се продава над 100 денари
Се откупува по 35 денари за килограм
Високите производни и ниските откупни цени се главниот проблем со кој земјоделците се соочуваат години наназад. Ова влијаеше на намалување на производството на речиси сите земјоделски култури. Според експертите, земјоделците се уценувани од откупувачите и мораат да ги продаваат производите по пониска цена, поради што немаат финансиски средства за вложување во зголемување и модернизација на производството. Тие се изненадени од цените во продавниците и во маркетите, па прашуваат како е можно оризот во маркетите да се продава над 100 денари, а од земјоделците да се откупува по 35 денари за килограм. Слични разлики меѓу откупните и продажните цени има и кај други земјоделски производи – пиперките, краставиците, бостанот, дињите, пченицата чие производство чини 17 денари, а се продава по девет денари за килограм, пренесуваhttps://www.vecer.press/
Овие податоци, како што велат експертите, ја покажуваат реалната слика во македонското земјоделство, односно кој заработува, а кој само вложува труд што не може да го наплати.
-Проблемот со ниските откупни цени на земјоделските производи се провлекува со години и никако да се реши. Во државата прекупците и трговците се тие што заработуваат, а земјоделецот не може да си ги покрие ниту трошоците за орање, копање, ѓубрива, работна рака….Трговците само ги уценуваат земјоделците и го собираат кајмакот. Не можам да разберам како оризот во маркетите се продава над 100 денари, а од земјоделците се откупува по 35 денари за килограм и го уценуваат дека не е квалитетен. Истото го прават и со доматите, пиперките, краставиците…, изјави за весникот ВЕЧЕР, Илија Каров, земјоделски експерт и универзитетски професор.