вести

Научници од НАСА направија преносна градина за одгледување зеленчук на Марс

mars

Истражувачи од Универзитеот Аризона во соработка со научници од НАСА направија иновативна градина на надувување која ќе обезбедува храна за астронаутите на други планети.

Прототипот Lunar/Mars Greenhouse ќе им овозможи на астронаутите цела година да јадат здрава и свежа храна додека се на вселенска мисија.

Градината е направена од материјал кој се надувува и изгледа како тунел, а е интегриран со системите за одржување во живот на астронаутите. Јаглерод диоксидот кој го издишуваат астронаутите го користат растенијата и за возврат произведуваат кислород.

Водата за наводнување ќе се набавува на самото место или ќе се носи од Земјата. Потоа водата ќе се оксидира и ќе се додадат хранливи соли.

Целиот процес ќе го имитира одгледувањето зеленчук на Земјата со цел да им се дадат оптимални услови за раст. Се уште се истражува кои растенија, семиња и.други материјали ќе бидат најпогодни за Марс или за Месечината.

Растенијата ќе мора да бидат заштитени од радијацијата на вселената, па веројатно ќе бидат ставени под земја со посебно осветлување како замена за сончевите зраци.


 

иновативност.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close