fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Орканска бура доаѓа на Балканот-Доаѓа зима во вистинска смисла на зборот!

Врнежи од снег ќе има понекаде и во пониските предели од Балканот (градовите), вклучувајќи ја и западна Македонија.

Од денес на Јадранот ќе дува орканска бура која локално ќе достигнува брзина дури до 180 км/час. Токму поради ова се очекуваат и штети а температурите ќе бидат многу ниски, невообичаено за овој период од годината. Покрај ова особено на јужен Балкан се очекуваат и интензивни врнежи од дожд, снег но и значителна снежна покривка.

Врнежи од снег ќе има понекаде и во пониските предели од Балканот (градовите), вклучувајќи ја и западна Македонија.

Кај нас исто така од денес па натаму очекуваме невообичаено ниски температури на воздухот, но и засилен ветер од северен и од североисточен правец. Ќе има многу дожд, снег и значителна снежна покривка.

НАПОМЕНА: На возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку се движат низ планинските превои, и тоа поради очекуваните интензивни снежни врнежи од утре.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close