fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Откриени новогодишни пакетчиња со изминат рок, предупредува АХВ

Производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година,

Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти  Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.

На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување, за констатираните неправилности се издадени решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.

-Нашите инспектори минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори. Кај 3 вида пакетчиња е констатирано дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што е наредено нивно повлекување од промет, наведува  од Агенција за храна и ветеринарство.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close