fbpx
ВестиТоп вести

Откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 214,34 денари

На самиот крај од откупиот на тутун  од реколтата 2018 откупеби се 90% од договоебните количини, соопштуваат од министерството за земјоделство. До сега се откупени 25 милиони килограми, со просечна цена од 214,34 денари по килограм. Од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, односно високи 96% од откупените количини тутун.  Откупот на тутун според законскиот рок треба да заврши на 15 март 2019год.

Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун. Како што соопштуваат од министерството, споредено со реколтата 2017, за новото производство на тутун се издадени 57 евидентни листови повеќе од лани, и се склучени над 4.700 повеќе догвори. Годинава има и зголемување на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.

За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата 2017 која изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи, односно и оваа година ќе се издаваат евидентните листови односно т.н „бели картони“.Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи е во собраниска процедура, и новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба МЗШВ значајно ќе ги намали административните процедури за тутунарите на начин што, тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија.

П.Ј.

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close