Откупната цена на лебното зрно сè уште не е дефинирана
Секоја година иста “песна“!!! По жетвата на јачменот кој е во полн ек вообичаено по први јули започнува и жетвата на пченицата и вообичаено се уште нема договорена откупна цена.
За разлика од јаченот кој има добар принос временскте услови не беа наклонети за пченицата а и во времето кога требаше да се фрлат ѓубрива за прихрана цените секојдневно растеа уривајќи рекорди што придонесе да нема доволно храна во почвата за да има солидни приноси. Земјоделците од пресметките колку вложиле во пченицата сметаат дека цената треба да се движи во рамките од 22 до 25 денари за килограм и тоа да се објави веднаш за да не се прават дополнителни трошоци туку од нива да се носи пченицата директно кај откупувачите.
Науката уверува дека како секаде во светот постои методологија по која прецизно се утврдува производната цена која е основа за преговорите околу откупната цена, нешто што кај нас никој од откупувачите не сака да го примени.
Годинава од јачмен се очекува да се приберат солидни 140 илјади тони што е и повеќе од нашите потреби со оглед дека е опаднат сточниот фонд додека од посеаните 73 илјади хектари вкупниот род од пченицата се проценува ан 250 илјади тони. Ова ќе значи дека и годинава некаде по нова година повторно ќе бидеме увозно зависни од лебно жито а според земјоделците од тоа како ќе поминат со откупната цена ќе зависи дали со есенската сеидба пченицата за догодина ќе ја сеат на поголеми или помали површини.https://kanal5.com.mk/zhitoto-se-zhnee-niz-ovche-pole-otkupnata-cena-na-lebnoto-zrno-se-ushte-ne-e-definirana/a536992