fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаРурален туризамРурална ЖенаТоп вести

Откупната цена на пченицата под 20 денари води до голема загуба, апелира Националната земјоделска мрежа

Како земјоделци ја искажуваме нашата огорченост од самоволието на мелничарите, трговците и останатите субјекти кои на највулгарен начин го злоуопотребуват макотрпниот земјоделски труд

По повод денeшната работна средба помеѓу претставнци на полјоделците, претставници на Национална земјоделска мрежа и ресорниот министер Цветан Трипуновски која се одржа во општина Новаци јавно го споделуваме нашиот став. Упатуваме јавна благодарност до министерот Трипуновски за искажаната соработка од негова страна.

Истовремено како земјоделци ја искажуваме нашата огорченост од самоволието на мелничарите, трговците и останатите субјекти кои на највулгарен начин го злоуопотребуват макотрпниот земјоделски труд и притоа книжат дебели профити на своите конта. Во ова прилика ние како Национална земјоделска мрежа им посочуваме дека овој грабеж и самоволие ќе престане, упатуваме апел до Владата и до МЗШВ под итно да ја разгледа сериозноста и тежината на ситуацијата со откупот и цените и да ги употреби сите законски механизми што и стојат на располагање. За сите земјоделци апелираме да не го предават житото по овие мизерни цени, сите прогнози наговестуват дека на светско ниво има намалување од преку 50% на приносите поради што за неколку месеци од сега се очекува рапидно покачување на цената на житариците.

Со одлука на Влада донесена е мерка за бесплатно складирање на житариците во силоси и пожелно е производителите да ја искористат ова мерка. За нас како Национална земјоделска мрежа секоја откупна цена под 20 денари води кон директна загуба и со тоа се доведува под знак прашање опстанокот на ова витална стопанска гранка!

Ѓорги Каракашев – Национална земјоделска мрежа

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close