fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

 Првите производители на јајца од Јапонска потполошка во полошко успешно чекорат во фармерската дејност

Едниот ја напуштил полицијата , а другиот текстилнаа индустрија, сектори во кои работеле по завршувањето на нивното образование. Но тоа траело кратко, па решиле да станат млади земјоделци.

Браќата Игор и Тони Јовановски од Тетово веќе 17 години се фармери, односно се занимаваат со одгледување и производство на јајца од Јапонски Потполошки. Тоа стана и дел од нивниот живот. Целиот процес го водат сами, од оплодување на свежо јајце до негово производство, дистрибуција и на крај продажба. Затоа што биле први и сами на пазарот, подолг период се соочувале со голем број предизивци и препреки, но љубовта кон работата како што велат браќата ги одржува се уште во  бизнисот.

 Идејата е од 2003 година, а фармава е изградена 2011 и почнавме со работа 2013.На почетокот почнавме со мало производство во тетовско Седларце и дома чувавме во подрумските простории. Идејата беше од еден другар мој , тој беше боди билдер од накаде набавувал и купувал јајца и тој рече ајде и ние. Идејата првична не беше ние да продаваме јајца туку само да произведуваме и друг на големо да ни ги откупува. Почнавме да чуваме потполошки, но оваа работа не беше регулирана со прописи и правилници, дека потполошката не се знаеше дали е птица или живина. И дојдоа ветеринарните инспектори да не регистрираа и после ни дадода дозвола да работаме со маркетите, па така регистриравме фирма. Но сега ова не е како фарма туку како одгледувачница, дека за фарма за потполошки нема уште правилник. И на почеток се соочувавме проблеми. На пример на јајцата од им ставаа печат ласерски и требаше на јајцата кои ние ги произведуваме да им ставаме печат, но тие се многу мали техничко е неизводливо. И така бевме ослободено од такво нешто. Најосновно сега е носење смет на испитување на органскиот отпад, вели Игор Јовановски

 

Тој вели дека дека почетоците се тешки. Најтешко според него е што цел ланец треба да го направат сами, цел систем од производство до продажба. Систем капка по капка, пилиња сами да извадиш. Велат дека гледале на интернет и се сами спровеле.
 
-На почетокот одеше тешко никој не знаеше што е тоа потполошка. Скап беше производот. Но после пресврт беше кога зедовме мостра од Србија пластични проѕирни паковки и се гледаа јајцата, дека не почеток продававме во картонски кутии и тоа се продаваше во маркет , а никој не знае што е тоа. И потоа ја намаливме цената и буквално работевме без профит, бевме упорни сакавме да го одржиме бизнисот. Само јас останав, а другите се откажаа. Со пластичната амбалажа значи ни појде народски кажано работава. Јас од платата купував храна колку да опстои бизнисот, дека работев во полиција. Во меѓувреме скопската фирма која ја вршеше дистрибуцијата пропадна, и тогаш останавме сами и ни остануваа повеќе пари. И кога почна да се троши робата почнавме да размислуваме за нешто поголемо , за објект а немавме пари ниту пак можевме да земеме кредит. И затоа моравме да одиме под кирија. Ама и ние на почеток правевме грешки, не знаевмо како точно оди целиот процес. Кога влеговме во овој објект во тетовско Жилче направивме грешки. На пример во вентилацијата и навистина имаше промет, и не произведувавме толку колку што ни бараа, ама пред две години  падна прометот, но сега пак оди подобро и така, како и да е не сакаме да се откажеме од фармерството, вели Игор Јовановски.
 
Велат дека за разлика од европските земји оваа фармерска дејност кај нас не е толу развиена. Сметаат дека со групирање на фармерите би ги искористиле сите производи од оваа гранка
 
Првин ви треба оплодено јајце за да излезе пиле тоа е наше сопствено го правиме сами, со тоа што на неколку месеци земаме свежа крв. Машките потполошки ги земаме на пример од  Србија ги мешаме со нашите и обратно, и добиваш нова свежа крв, дека не смееш да ги мешаш. Кај нас не е ова развиено, и мораш сам да го произведеш пилето. За да го произведеш јајцето тие сакаат хигиена и да нема бучава Воглавно на Балканот е исто како кај нас, во други земји имаат фондови. На почеток им помага и државата и на нас треба да ни помогнат за пласман, дека тука има мал пазар.  Ако може државата да ни помогне да не групира повеќе производители колку за извоз. На пример не е работава само свежо јајце, може и јајце во саламура во Европа тоа многу се продава, месото може да се продава од живината.  Сега ние месото или ние го користиме или го даваме на пријатели, а тоа не запад е регулирано. Нас ни е важно да бидеме производители а друг да се занимава со продажба и дистрибуција, а не се сами да работиме. Државата се однесува како казнена експедиција, а те вида дека си отворил нешто, одма доаѓаат и ти бараат забелешки наместо да ти помогнат, вели Тони Јовановски.

 

Јајцето од Јанпонска потполошка е доста квалитетноСамото јајце содржи многу повеќе протеини, витамини и минерали, а има многу ензими и тие помагаат за разградување на храната. Нема податоци дека од вакво јајце некој добил салмонела, дека во внатрешната страна има плус мембрана што јајцето од кокошка го нема. Испитувањата во Јапонија покажале дека овие јајца се отпорни на радијација.

Зоран Димовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close