fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Откупните цени на тутунот беа зголемени благодарение на тивкиот бојкот на откупот

Во 2016-та – килограм тутун беа 10 леба; во 2024 – кг тутун, се 9 леба

Последното постигнато зголемување на откупните цени за ланскиот тутун, иако минимално, во никој случај не е резултат на грижата на власта за оваа земјоделска гранка, како што се фали министерот Николовски. Напротив, тоа е резултат исклучиво на тивкиот бојкот на откупот и солидаризираноста на тутунопроизводителите, реагираат македонските тутунари објави alfa.mk

Значи, целата заслуга за покачувањето на цената е благодарение на тутунопроизводителите со нивниот тивок бојкот, на никого друг. Сега ќе направам само една разлика. Годинава имавме најниско производство на грозје со само 7%, а лозарите добија иста цена од 14-16 денари, без никакво зголемување. Арно ама, тутунопроизводителите се за едно големо „браво“ и само тие успеаа да дојдат до ова поголемо покачување“, – вели Диме Димитријески, претседател на УО на Националната земјоделска мрежа.

За тутунарите, невиден срамен апсурд се и споредбите кои министерот ги правел со откупните цени од 2016 година, бидејќи, како што велат, тогаш килограм сирење било 200 денари, а сега е 500 денари. „Во 2016-та – килограм тутун беа 10 леба; во 2024 – кг тутун, се 9 леба“, тогаш литар млеко беше 40 денари, а денес е 80“, реагираат тутунарите и револтирано прашуваат зошто не се прави иста ваква споредба и со платите на функциинерите.

За социјалната кошница не сакам ни да зборувам, таа е стигната до 60.000-70.000 денари. Ако може социјална кошница да важи за сите вработени во Македонија, па зошто не би важела и за самите земојделци?!“, – констатира Димитријески.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close