Откупните фирми да отстапат од нивната монополистичка позиција и да ги коригират откупните цени на тутунот
Национаната земјоделска мрежа со апел
Почитувани тутунопроизводители
Според неофицијални информации на 29.11.2023 год во Скопје се планира повторна средба помеѓу претставници на откупните фирми, Министерството за земјоделие и Сојузот на земјоделски здруженија како законски застапник на нас тутунарите. Како Национална земјоделска мрежа повторно упатуваме јавен апел првенствено до Сојузот најсериозно и одговорно да си ја прифати улогата и цврсто да застане во одбрана на тутунопроизводителите со безусловно барање да се изврши корекција на цените во нагорна линија по цени што јасно и јавно ги побаруваме односно 600 денари просечна откупна цена затоа што цената утврдена во договорите не ги покрива ни основните производни трошоци. Неприфатливо е во услови на двоцифрена инфлација зголемени трошоци на производство опаднат животен стандард поради енормниот раст на основните животни намирници да предаваме тутун по вакви девалвирачки цени.
Апел и до откупните фирми да отстапат од нивната монополистичка позиција и да ги коригират откупните цени на реални и одржливи економски основи, а не вака на еден нефер и манипулативен начин да се поигрувате со честа и достоинството на нас тутунарите како ваши коперанти и соработници со што во прашање се доведува иднината на ова битна стопанска гранка. Искрено се надеваме дека ќе преовлада здравиот разум и економската логика кај сите социоекономски партнери и ќе се прифатат нашите оправдани барања. Од Вашите одлуки ќе зависи судбината на ова стопанска гранка, но и судбината на огромен број на граѓани. Одлуките но и одговорноста за последиците се ваши.
Национална земјоделска мрежа- претседател Ѓорги Каркашев