fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Откупот на праски се одвива непречено

И покрај пандемијата откупот на праски се одвива непречено и се почитуваат  препораките за заштита.

Овој регион важи за најголем производител на праски  во нашата држава. Во моментов во тек е откупот на росоманските праски кои оваа година, благодарение на поволните климатски услови, постигнаа висок квалитет. Оваа година постигната е  повисока откупна цена и се откупуваат за 28-30 денари по килограм. Најголем дел од праските се извезуваат на европските пазари, дел оди  во поранешните југословенски републики и дел останува за домашниот пазар. Сите откупни центри се отворени, полни со росоманска праска и откупот тече непречено.

Сите учесници во процесот на откупување на праски, максимално ги почитуваат препораките на Владата, а доказ за тоа е посебната организација на работниот простор во откупните магацини, каде сите вработени се на соодветно растојание и целокупниот процес е приспособен на новите услови предизвикани од Ковид – 19. И покрај глобалната криза, праските постигнаа висока откупна цена, земјоделците се задоволни и откупот на сите пунктови се одвива со добра динамика и без никакви проблеми.

Министерот Димковски при посетата во Росоман им порача на откупувачите и производителите на праски, дека треба постојано да бидат во добра комуникација, да нема манипулации со откупната цена и дека само така ќе остварат добри партнерски односи кои носат успех и резултати за сите учесници во процесот на производство и откуп, инфомрираат од  МЗШВ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close