Отворена стечајна постапка за ЗК Пелагонија
Должникот Земјоделски комбинат Пелагонија е неспособен за плаќање, истиот е неликвиден, односно не е во состојба да ги измирува доспеаните обврски. Обврските се поголеми од имотот кој што го поседува, а побарувања нема. Жиро сметката на должникот непречно е блокирана пред повеќе од 45 дена, па се до денес, пишува во прифатениот предлог за отворање стечајна постапка.
Основниот суд во Битола го прифати предлогот и отвори стечајна постапка против најголемиот земјоделски комбинат во земјава – АД ЗИК Пелагонија.
Во Службен весник е објавено дека се прифаќа ваквиот предлог од страна на доверителот Бетон Штип, кој приложил доказ дека сметката на најголемата житница во Македонија е блокирана повеќе од 45 дена пишува faktor
Земјоделскиот комбинат Пелагонија цели 4 месеци не може да ги исплати своите обврски и е со блокирана сметка што е причина за правна постапка за отварање на стечај.
– Должникот Земјоделски комбинат Пелагонија е неспособен за плаќање, истиот е неликвиден, односно не е во состојба да ги измирува доспеаните обврски. Обврските се поголеми од имотот кој што го поседува, а побарувања нема. Жиро сметката на должникот непречно е блокирана пред повеќе од 45 дена, па се до денес, пишува во прифатениот предлог за отворање стечајна постапка.
Бетон Штип како застапник потврдил дека акционерското друштво навремено не му го исплаќала на рати уделот на ЗИК Пелагонија отстапен од градежната компанија Саник Инженеринг. Станува збор за долг од околу 230.000 евра како налог за извршување.