fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ова е „геноцид врз земјоделството“

Министерот за земјоделство на Украина Роман Лешченко најавува глобална криза со храна и глобална криза со гас.

Министерот за земјоделство на Украина Роман Лешченко најавува глобална криза со храна и глобална криза со гас.

-Цените на енергенсите веќе отидоа превисоко на пазарот и стануваат невозможни со текот на времето. Постојат и блокади на синџирот на дистрибуција но и на производството на храна и секако извозот овде игра огромна улога. Кризата со храна ќе предизвика и сиромаштија и реперкусии кои се однесуваат на миграцијата, рече министерот Лешченко на прес конференција во Лавов.

Министерот потенцираше дека секој кој сака да ја локализира војната и да каже дека оваа војна се однесува само на Украина греши.

-Денеска се соочуваме со светска криза и со криза на храна и тоа ќе предизвика светска економска криза. И сите што мислат дека ова е проблем само на Украина се лежат затоа што ќе се прелее на светската економија. Сега во моментов во Украина се достапни основните продукти како леб, шеќер, масло, достапни се во продавница но само како основни производи за преживување. Во бомбардираните градови 60 проценти е отсечени синџирите односно снабдувањето со храна. Градот Харков за кој велат дека е престолнина на производството на храна сега се бори за да осигура основна храна. Стотици илјади луѓе мигрираат во западните градови и на западот на Украина се случува оптоварување“, рече тој.

Украинскиот министер за земјоделска политика и храна ова што се случува во Украина во нарече „геноцид на земјоделството“ и додаде дека Германија праќа семиња и има некаква поддршка, се прават некакви прилагодувања, но тоа не е доволно за да се врати на стабилно ниво.

-Секако дека извозот е загрозен бидејќи Украина има глобална позиција кога се работи за извозот за жито и житни култури кои Украина ги нуди по најдобри цени и веќе има договори на долг рок и сето тоа во моментов е стопирано. Партнерите на Украина како што се Либија, Сирија, Јемен и други држави разбираат, но бараат други експортери и секако Украина бара да и се овозможи пристап до море. Бидејќи во моментов тие се зафатени и токму тоа е најголемиот проблем за извозот на Украина, побара Лешченко.

Во секој случај велат дека им треба многу голема логистичка поддршка и за производство и за обработка, но и за транспорт на овие култури, во спротивно целиот систем ќе се распадне и ќе предизвика една глобална економска криза и глобален глад.

Украинските власти бараат инструменти од меѓународната заедница да го отвори морето бидејќи досега, како што рече инвестирале милиони во изградба на пристаништата. Имале прекрасен терминал во Николаев но во моментов не е возможно да се испорача таа храна.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close