fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Оваа недела исплата на субвенции за млекото и за регистрираните земјоделци по основ  дополнителна помош од 20 проценти 

Исплатата за млекото ќе биде за октомври, ноември и декември 2021 година. 

Оваа недела ќе бидат исплатени субвенции за предадено млеко и за регистрираните земјоделци по основ  дополнителна помош од 20 проценти. Исплатата за млекото ќе биде за октомври, ноември и декември 2021 година.

Оваа недела до Нова година ќе има исплата за прва фаза млеко, предадено од октомври до декември 2021 година. Со оваа исплата на премијата  во една година исплатени се субвенции за млеко од октомври 2020 година до декември 2021 година, потврдува Никица Бачовски за Зелена берза .

Исто така ќе бидат исплатени субвенциите за 2020 година за регистрираните земјоделци по основ  дополнителна помош од 20 проценти на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, потврдува  Бачовски директор на Платежната агенција.

Земјоделци испратија прашања до Зелена берза кога ќе бидат исплатени и овие субвенции за регистрираните земјоделци по што директорот Бачовски потврдува дека за 2019 средствата се исплатени, а сега до крајот на годината ќе бидат исплатени и заостанатите средства за 2020 година по овој основ.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close