вестиМакедонијаТоп вести

Владата ја разреши комисијата за проценка на штетите од невремето во Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе

 

Владата  насвојата последна седница  изрази несогласување со Збирниот извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди.

Донесе одлука членовите на Комисијата да бидат разрешени од членството во неа заради неефикасно и несоодветно решавање на предмети од суштинско значење за граѓаните и мандатот на Комисијата.

Нови членови на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди ќе бидат именувани на една од наредните седници на Владата, со обврска да достават ревидиран Збирен извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе.

 

Слични написи

Back to top button
Close