Вести

Индекси на цените во земјоделството, јули 2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), индексот на цените во земјоделството во јули 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 2.3 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 8.7 %.

Во јули 2017 година, во споредба со јули 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 97.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.1.

Во делот аутпут, во јули 2017 година, во споредба со јули 2016 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 87.6, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99.2.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close