вестиСовети

Овчарство – календар за месец Март

(Oвој напис е објавен на: март 2, 2018)

ovci

Во март особено внимание треба да се посвети на приплодните овци кои се во период на лактација. Оптоварувањето на организмот е големо и грижата треба да биде насочена кон правилна и урамнотежена исхрана, која ќе обезбеди зачувување на телесната состојба, добивање на повеќе млеко и нормален раст на волната.

Главната количина на млеко од овците се добива напролет, кога сеуште се хранат на јаслите.

Првиот период на лактацијата трае околу 60 дена. Тој започнува по јагнењето.

Исхраната во првите денови по јагнење е од големо значење. Основен извор на хранливи материи и витамини во овој период е висококвалитетно сено. Нискоквалитетна храна не треба да се дава на објагнетите овци.

Дневно на овца треба да се обезбеди 1,5 – 2,0 килограми сено. Објагнетите овци се хранат и со концентрирана сточна храна од 0,4 – 0,6 килограми во зависност од млечноста. Во присуство на друг вид на храна (тикви, моркови, компири и сл.) може да се вклучат во дажбите до 2-3 кг на ден.

Правилната исхрана е од особено значење за растот, развојот и идната продуктивност на јагнињата. Обично јагнињата за гоење се одбиваат на 40-45 дневна возраст и по постигнување на тежина од 10-12 кг. Оние кои се предвидени за обновување на стадото се одбиваат на 90-100 дневна возраст и тежина од 25 кг. Непосредно по одбивање од доењето јагнињата треба да се хранат со истата храна со кои се хранат до одбивањето.

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close