fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ЕКСКЛУЗИВНО прочитајте-Дали тутунарите ќе го добијат 5 пакет пред локалните избори

Владата одговори на прашањето на Зелена берза-кога тутунарите ќе го добијат 5 ковид пакет

Прес службата на Владата на  Македонија одговори на прашањето на Зелена берза дали и кога производителите на тутун ќе ја добијат финансиската помош во рамките на петтиот пакет ковид мерки за помош на граѓаните. Овие пари тутунарите ги чекаат со душа, затоа што во последната реколта имаа катастрофално ниски откупни цени на тутунот.

Еве го одговорот даден за Зелена берза;

„Службите во Владата ја подготвуваат документацијата за извршување на исплатата. Направени се калкулациите и е утврден износот за секој поединечен корисник. Со оглед на тоа дека почнува изборен период, во моментов се прават правни консултации околу можноста за исплата на овие средства. Имајќи ги во предвид сите околности, дополнително ќе известиме кога би се извршила исплатата за тутунарите предвидена со петтиот пакет економски мерки за справување со последиците од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.

 

А. Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close