Овците влегоа во градот по зелена трева
Стадо овци и кози во паркот „Лисиче“ во Аеродром
Паркот „Лисиче“ или попознат како паркче кај последна „5-ка“ е одлично уреден парк, каде жителите од околните населби одмараат, трчаат, играат, ги шетаат своите миленици, а слават и родендени.
Дрвените куќички со клупи и маси овозможуваат убавите моменти на прослава да можат да се одвиваат тука, а граѓаните се снашле па со листови хартија запипшуваат кој кога планира тука да прославува.
И сето тоа ќе беше многу убаво, ако прославата не ви ја прекине стадо овци и кози и тоа во голем број. Додека магионичарот ги занимава роденденците и гостите, се слушаат клопотарци, а стадото го води овчар.
Трева има, искосена, пријатна за игра и дружба, ама веројатно, добра е и за пасење на овците и на козите.
Веста која викендов излезе, дека во подземниот паркинг во Градскиот трговсски центар е забележана овца, ја надополнуваме со цело стадо во урбан парк на сред Општина Аеродром. Секако, неизоставен декор е и црната завеса од чад што се издига од Вардариште.
Фотографиите се направени во неделата. Повеќе на https://nezavisen.mk/stado-ovci-i-kozi-vo-parkot-lisiche-vo-aerodrom/