fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

850 нови вработувања-Австралиската компанија ЕМАПТА отвора деловен простор во Скопје

За да добие државна поддршка компанијата мора да има 100 вработени кои ќе земаат најмалку 1.000 евра плата. Поддршката ќе изнесува 3.250 евра по вработен

Мултинационалната водечка компанија за аутсорсинг услуги ЕМАПТА ќе отвори деловен простор од 6.000 метри квадратни во ТИРЗ „Скопје 1“ и планира да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години или над 10.000 за една деценија.

До крајот на инвестицискиот период само за плати компанијата најавува дека ќе вложи над 15 милиони евра годишно.

Како што истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кои денеска, на средба со новинари ја промовира инвестицијата, ЕМАПТА веќе една година работи во Македонија, во канцеларии во Скопје и има вработено 30 луѓе. Но, сега стартува со конкретна инвестиција.

За да добие државна поддршка компанијата мора да има минимум 100 вработени кои ќе земаат најмалку 1.000 евра плата. Поддршката ќе изнесува 3.250 евра по вработен.

„Основачот на ЕМАПТА е од Австралија, а дојде тука благодарение на нашинец кој работеше таму“, рече Деспотовски.

Целиот текст на https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close