fbpx
Двор и градина

Овесот- храна богата со белковини

ovesot hrana bogata so belkovini

Заради квалитетните белковини, зрното е ценета концентрирана сточна храна за сите видови на добиток. Поволно дејствува на подмладокот кој расте, на молзниот и приплодниот добиток. Покрај зрното, овесот дава многу вредна волуминозна храна, која се користи како кабаста сточна храна. надземната маса може да се користи како зелена, сено, силажа а во раните фази на развој за испаша. Услови за одгледување- има мали барања кон топлината. Р,ти на 1-2 ОС. Во однос на другите жита, најмалку е отпорен настуд, особено во фаза на цутење и страда на температура од -2 ОС. Заради опасноста од измрзнување, одгледувањето на пролетен овес е посигурно. Овесот не е отпорен на високи температури, особено во фаза на формирање и налевање на зрното. Агротехника на овесот. Плодоред.

Не поднесува монокултура и треба да се одгледува во плодоред., после разни предкултури како што се окопните, едногодишните и повеќегодишните легуминози.

Основна обработка

Обработката на почвата ја чини основната обработка и предсеидбената припрема на почвата. Основвната обработка се врши на есен на длабочина од 20-30 см, а предсеидбената непосредно пред сеидбата, и тоа во есен или на пролет, зависно од тоа дали ќе се сее есенска или пролетна форма.

Ѓубрење

На сиромашни планински почви може да се примени арско ѓубре 25030 т/ха. количините за ѓубрење  кои се користат се околу 80-100 кг азот, 40-6- кг фосфор и 40-50  кг калиум. Целокупната количина на фосфор и калиум како и  40-50 % од азотот се користат при основната обработка, а останатиот дел од азотот се употребува за прихранување, кога е во прашање есенскиот овес, или во предсеидбената обработка за пролетниот овес.

Сеидба

За есенскиот овес сеидбата се врши кон крајот на септември а за пролетниот што е можно порано кон крајот на Февруари, а да се заврши до средината на Март. Сеидба се врши на меѓуредовно растојание на 10-12 см. и длабочина 3-4 см. Количината на семе за сеидба се движи од околу 120-160 кг/ха за есенскиот, а за пролетниот 10 кг помалку семе.

Сортимент

Постојат есенски и пролетни форми на овес. Пролетните сорти се- Лабуд, Медитеран, рајац, Славуј идр. Есенските сорти се- Гратус, Тајгер- Астор, Леанда, Маргам идр.

Нега

Се применуваат истите мерки на нега како и кај пченицата. треба да се посвети внимание на заштита од штетниците, а особено од лемата која најпрво го напаѓа овесот. Болестите кои го пратат овесот се исти како кај пченицата па и заштитата е иста. За заштита од плевели воглавно се применуваат хербицидите- Моносан херби, Анитен-ДС, хербисан супер, Монтрел комби и други.

Жетва

Жетвата може да биде еднофазна или двофазна. Семето од овесот нерамномерно созрева па поради тоа жетвата треба да почне кога зрната не вршниот дел на метлицата се во полна зрелост. Зрното од овесот со 13-14% влага се складира во силоси или амбари.

Приноси

Може да даде високи приноси на зрно на поголема надморска височина и до 5000 кг.ха.

Тагови

Слични написи

3 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close