fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Овие овошја и зеленчуци содржат штетни материи – некои нивни делови не смеете да ги јадете

Никулци на компирите, лисја од домат, семките од јаболкото

Компирот потекнува од семејството Solanaceae исто како и некои отровни растенија. Токму тоа е причината поради која што некои делови од компирот не треба да ги јадете. Имено, никулците кои што се појавуваат на одредени делови од компирот содржат токсични материи – соланин. Затоа треба да бидете внимателни и задолжително да ги отстраните тие делови од компирот пред истиот да го подготвите за јадење.

Исто така соланин има и во зелениот компир, па избегнувајте да јадете плодови кои што под кората имаат зеленкаста нијанса боја.

Лисја од домат
Европејците во текот на минатото не консумирале домат, а тој зеленчук почнале да го користат во текот на 18-ти век. Една од причините е тоа што листот на доматот содржи токсични материи како соланин и томатин. Овие опасни материи можат да предизвикаат желудочни тегоби.

Семките од јаболкото
Јаболкото спаѓа меѓу најдрагите овошја кои што изобилуваат со витамини и минерали, но во себе содржат и еден отровен дел – семките кои што се составен дел од јаболкото содржат амигдалин.

Извор: Скопје 24

Слични написи

Back to top button
Close