fbpx
Вести

Овоштарите со години им го загорчуваат медот на пчеларите

Овоштарите со години им го загорчуваат медот на пчеларите. Употребата на пестициди со кои се третираат овошните насади е причината поради која со години наназад во кошниците има се помалку мед – се пожалија медарите во штипско.

ovoshtarite so godini im go zagorchuvaat medot na pchelarite

 

За подобрување на состојбата, им порачуваат на земјоделците да ги исфрлат хемикалиите со кои ги прскаат овошките и наместо тоа да користат органски ѓубрива, кои не се штетни за пчелите и родот што го очекуваат.

Години наназад пчеларите на истокот бројат загуби. Климатските промени, кратките паши, недостигот од медоносна флора, се причините поради кои собираат помалку мед. Имајќи ги во предвид сегашните временски услови со пораното цутење на овошките, тие не се оптимисти и дека годината ќе биде подобра од лани.

На пазарот има недостиг од мед. Мед нема ниту во соседството. Поплавите и временските неприлики ги десеткуваа приносите, што резултираше со покачување на цената на медот. Од друга страна, за третирањето со пестициди земјоделците мора да водат евиденција, доколку сакаат субвенции, кои годинава ги има и за пчеларите, за набавка на матици и опрема преку мерката 50-50, од програмата за рурален развој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close