fbpx
Без категоријаВести

Овоштарите бараат субвенции за индустриското јаболко

Бербата на јаболката во Преспа на големо почна а со тоа почна и трката за откуп. Земјоделците одат од врата до врата кај откупувачите но цените годинава поразителни.

За конзумното јаболко ајдарет за кое што лани се нудеше цена од 12 до 15 денари годинава ни за 10 денари нема интерес за откуп поради двојно поголемиот род во Полска и слабиот интерес за Рускиот пазар.

Но уште по драматична е состојбата со така нареченото индустриско јаболко кое заради оштетувањата до град кој зафати над 60% од површините во Преспа годинава ќе го има рекордно многу. Проценките се дека годинава јаболка кои можат да завршат само во индустријата за преработка во јаболков концентрат ќе има околу 60 илјади тони.

Домашните компании имаат капацитет да откупат околу 20 илјади тони заради што се јавува вишок од 40 илјади тони поради што овоштарите бараат субвенциите од 3 денари за индустриското да важат и за оние кои ќе извезат наместо како досега само за домашните преработувачки капацитети .

Министерството за земјоделство заради оваа состојба најавува мерка која се договара и треба да биде финализирана неделава за следната недела да се донесе на влада.

Земјоделците во своите барања се едногласни. Субвенцијата да биде три денари за индустриското јаболко но со услов откупувачите наместо сегашните денар до денар и пол да платата минимум два денари. Ова го поткрепуваат со фактот што лани индустриското јаболко се плаќаше на почетокот 6 денари за да достигне и до 8 денари за килограм а на светските берзи јаболковиот концентрат има постојана цена.


 

kanal5

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close