fbpx
ВестиСовети

Природен заштитник од болести кај телињата

Телињата на свет доаѓаат без антитела за отпорност од причинители на болеста, односно потполно незаштитено. Новороденчињата нив мора да ги внесат во целост со колострумот. Колострумот воспоставува пасивен имунитет, а личен имунитет кај телињата се развива полека, со старост од три до пет недели. До тој период се препуштени само на пасивната заштита со антитела кои ги внеле со колострумот.

Колострумот јасно се разликува по составот од обичното млеко и содржи повеќе суви материи. Поради високата содржина на имуноглобулин, содржината на белковините е пет пати повисока. Како колострум може да се означи само првото молзење по телењето. Само во тоа прво молзење имуноглобулинот е во доволно висока концентрација. Веќе во второто молзење на располагање е само 60% на имуноглобулинот во однос на претходното молзење.

Колкава заштита ќе дава колострумот, зависи од два фактори: прво, времето кога е земен колострумот и второ, концентрацијата на имуноглобулинот. Здравјето на телето директно е зависно од снабденоста со колострум. За менаџментот на колострумот важи правилото „рано и полно”. Антителата кои се добиени со колострумот доаѓаат преку слузокожата на цревата во крвотокот, од каде што ја извршуваат функцијата на одбрана на организмот.

Извор: Моја земја

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close