fbpx
ВестиМакедонија

Пад на индустријата во Македонија за повеќе од 10 отсто

Индустриското производство е намалено за 10,6 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика, споредувајќи ги годинешниот и ланскиот период јануари - ноември. Во ноември тој е помал за 4 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Индустриското производство е намалено за 10,6 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика, споредувајќи ги годинешниот и ланскиот период јануари – ноември. Во ноември тој е помал за 4 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Трајните производи за широка потрошувачка бележат опаѓање за 33,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,8 отсто. Најголем пораст бележи секторот Рударство и вадење на камен кој во ноември 2020 година, споредено со ноември 2019 година, е во плус од 8,7 отсто, но секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија се должи на намаленото производство на прехранбени производи, тутунски производи, облека, гума и пластични маси, како и метали, фабрикувани метални производи.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е паднат за 4,2 отсто.Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање од 1.8 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 1.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.7 %, Капитални производи за 1.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2 %.https://faktor.mk/pad-na-industrijata-vo-makedonija-za-povekje-od-10-otsto

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close