Падна предлог да се стопира растот на функционерските плати
Пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители и другите избрани и именувани функционери нема да добијат ново покачување на платите во износ од 300 до 500 евра доколку бидат прифатени предлог измените не 6 закони предложени од СДСМ со кои се бара стопирање на процесот на раст на функционерските плати.

Од партијата со став нивните примања не треба повторно да пораснат. Според предлог измените кои се однесуваат на оваа проблематика се бара намалување на коефициентот според кој се пресметуваат колкави ќе бидат нивните примања, што пак според партијата е единствено уставно решение со кое платите нема да им се намалат но ќе останат на сегашното ниво.
Јавноста речиси цела година се брануваше по одлуката на Уставен со која се укина фиксната основица за правење пресметки по што примањата на оваа категорија пораснаа за речиси 80 отсто, што предизвика и голем револт кај граѓаните, пишува Слободен печат.