fbpx
ВестиВино

Златен медал за „домен вршник“ на „Попов“ во Франција

Секоја година на натпреварот производители од повеќе од 35 земји праќаат околу 5.000 примероци во гратчето Борг кај Бордо, во Франција, колепката на светската винска култура, при што оценувањето го вршат врвни дегустатори

zlaten medal za domen vrshnik na popov vo francija

 

Виното „домен вршник“ на винарницата „Попов“ освои златен медал на фестивалот „Челинџ интернешнел ду вин“. Фестивалот се смета за еден од најголемите и најреспектирани натпревари за вино и алкохолни пијалаци во светски рамки и има триесетгодишна традиција. Секоја година на натпреварот производители од над 35 земји праќаат околу 5.000 примероци во гратчето Борг кај Бордо, во Франција, колепката на светската винска култура, при што оценувањето го вршат врвни дегустатори.

– Виното „домен вршник“, кое на овој натпревар беше наградено со златен медал, е едно од најинтересните вина од винарницата. Добиено е како бленд на три сорти грозје, шардоне, совињон блан и ароматичен траминер, со нивна заедничка ферментација. На овој начин карактеристиките на сите сорти се испреплетуваат и се дополнуваат на нај добар начин, со што се постигнува и извонредната хармоничност на виното вели Владислав Попов, сопственик на винарницата „Попов“.

makedonija-e-vodechka-vinska-zemja-vo-evropa-i-prepoznatliv-brend-na-globalnata-mapa-261144

Според сопственикот, оваа награда не е признание само за нивната винарница туку и за целата македонска винска култура.

– Винарницата „Попов“ од самиот почеток на своето петнаесетгодишно постоење настојува врвниот квалитет на своите вина да го потврди на најреномираните натпревари во светот. Доказ затоа се многубројните медали со кои се закитија нашите вина, како афирмација не само на винарницата „Попов“ туку и на македонските вина воопшто вели Попов.

Познавачите на вино констатираат дека за да се произведе висококвалитетно вино, важни се различни фактори.

– Секако, кога станува збор за карактеристиките на грозјето, клучна улога има регионот во кој расте и зрее, локалитетот (тероарот) Вршник, рид што се издига над прекрасното Сопотско Поле. Многубројните сончеви денови, чистиот воздух, богатата и плодна почва на ова поднебје се преточени во ова прекрасно вино со комплексни овошни и цитрусни ароми, дополнети со цветни тонови. Исто така, многу се важни и ориентацијата на лозјето, примената на современите методи и техники во производството на виното, примената на најквалитетните енолошки средства, трпеливото созревање на виното во дабови буриња, дополнителното созревање на виното во шише, a најважно од се е да се вложи и даде многу труд и љубов кон виното вели сопственикот.

Според Попов, културата кон виното во Македонија е во голем пораст, а Македонците се почесто умеат да препознаат што значи добро вино.

– Задоволство е да се констатира дека винската култура во Македонија е во пораст и се повеќе се пристапува кон виното како кон нектар, нешто што е задолжителен додаток на храната за комплетно уживање. Од своја страна, континуираното зголемување на квалитетот на македонските вина само по себе ќе ги насочи консументите на препознавање на вистинскиот квалитет во виното заклучува Попов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close