fbpx
ВестиЕкологијаМакедонијаТоп вести

Битолската млекара и Цермат наесен први ќе се приклучат на гасоводот

Пелагонија

Битолската млекара и Цермат наесен први ќе се приклучат на гасоводот

Годинава ќе се изградат над 3 километри гасоводна мрежа и ќе се инвестираат 500 илјади евра. Првите индустриски објекти во градот наесен ќе се приклучат на новиот гасовод.

 

Битолската млекарница и Цермат ќе бидат првите индустриски објекти во градот кои наесен ќе се приклучат на новиот гасовод. Гасоводот ќе опфаќа 5 мерно редукциски станици, а на мрежата ќе може да се приклучи и ИЗ „Жабени“, односно фабриката „Кромберт и Шуберт“. Општина Битола пред стопанствениците од градот го презентираше проектот гасификација. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска рече дека  кон крајот на пролетта треба да биде изведен идејниот проект, по што следува издавање на градежна дозвола и поставување на првите цевки во градот. Досега за гасификацијата на Битола се вложени околу 70 илјади евра, а според проектот до крајот на годинава вкупната сума што треба да се инвестира е 500 илјади евра.

-Првите консументи на гасот би биле индустриските објекти кои што се наоѓаат на влезот од градот, како Млекарата, Цермат, Средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ итн. Со која динамика ќе се продолжи понатаму зависи од многу фактори кои што значат и синхронизација со Владата, меѓутоа цениме дека концептот кој што го гради Општина Битола е здрав и дава добра основа за понатамошна надградба, рече Петровска.

Според Владимир Костурски, вработен во општината и задолжен за реализација на проектот гасификација, треба да се изградат над 3 километри гасоводна мрежа.

-Реализацијата зависи од многу фактори, тука се временските услови, но и јавните набавки, од кои зависи временската рамка. Се очекува, доколку се оди според предвидените рокови, изградбата да започне во втората половина од оваа година, во месец октомври или ноември. Магистралниот гасовод е пред Битола, што би требало да биде речиси во паралелна изведба и со секундарната мрежа, посочи Костурски.

Магистралниот гасовод со изведба е стасан до атарот на селото Карамани, но како што вели Костурски некои делови не се реализирани. Има делови од трасата кои имотно-правно се уште не се решени. Општина Битола засега нема проблеми со експропријација на земјиштето за реализација на гасоводот.

 

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close