fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

„ПАРИ“ го открива ПРОФИТОТ на пекарите-И, кај кого е ќарот?

Тешко се заработува за леб, но добро се живее од леб

Кога некому ќе се стемни, на друг му се разденува. Додека на граѓаните им паѓа(ше) мрак на очи поради изгор цените на основните прехранбени намирници, особено на најосновниот – лебот, на пекарите силно им светна(л) ден. Лебот што го јадевме лани беше за 30,8 насто поскап споредено со 2021 година. Но, ако се направи паралела меѓу цената на овој продукт само од декември 2022 со таа што опстојувала една година претходно, тогаш станува јасно дека векната леб сме ја плаќале речиси 50 проценти повеќе.

И, кај кого е ќарот? Добар дел од овие пари, заврши како екстра профит кај некои од производителите на леб. Дел, пак, имаа помaли заработки во споредба со 2021 година.

 

ИЗВОР: Државен завод за статистика

Интересни и можеби интригантни, во контекст на сите кризни случувања, се податоците кои порталот Пари ги обезбеди од www.biznismreza.mk, за приходите на пекарите, кои до неодамна тврдеа дека се „жртви на безумието“. Гледано според процентуалниот пораст на профитот во споредба со 2021 година, листата најдоходовни во 2022 ја предводи „Специјал продукт“ ДООЕЛ Скопје. Во услови на откачена инфлаторна спирала, компанијата успеала да го удвои профитот. Зголемувањето е за извонредни 114 проценти во однос на остварувањата од претходната година.

Добро поминал и „Диме“, со поголем профит за 78,6 насто, додека Жито Скопје – Силбо ДООЕЛ Скопје и Жито Леб Охрид имаат помали профити во споредба со 2021 година. Гигантот „Жито-Лукс“ ја намали загубата скоро за половина во споредба со состојбата од пред две години.

https://pari.com.mk/

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close