„Пари“: Колку поскапеа кредитите и депозитите – ланскиот октомври основната камата беше 1,25%, сега е 3,5%
Народната банка во време на пандемијата правеше простор за банките да можат да даваат поповолни кредити со оглед на намалената економска активност. Затоа, во три наврати ја намали каматната стапка, и една година по почнувањето на пандемијата основната камата се намали од 2 % на 1,25 %.
Кога Светската здравствена организација ја прогласи пандемијата, на 11 март 2020 година, каматната стапка на благајнички записи беше 2 %. Оттогаш, таа прво се намалуваше, за потоа, со енергетската и ценовната криза, постепено да се зголемува до сегашните 3,5 %.
Порталот „Пари“ го анализира движењето на основните каматни стапки во овој период и како промените влијаат на кредитирањето и штедењето.
Движење на основната камата во периодот на пандемија и инфлација
Народната банка во време на пандемијата правеше простор за банките да можат да даваат поповолни кредити со оглед на намалената економска активност. Затоа, во три наврати ја намали каматната стапка, и една година по почнувањето на пандемијата основната камата се намали од 2 % на 1,25 %.
Движење во пандемиски период
Период | Основна камата |
Март 2020 | 2,0 % |
Април 2020 | 1,75 % |
Мај 2020 | 1,50 % |
Март 2021 | 1,25 % |
Извор: НБРСМ Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/kolku-poskapea-kreditite-i-depozitite/