Пасошите кои истекуваат по 31 јули, ќе важат до 31 декември 2021 година
Ова им оди во прилог на нашите граѓани во странство.
Пасошите кои истекуваат по 31 јули, ќе важат до 31 декември 2021 година. Ова им оди во прилог на нашите граѓани во странство.
„Собранието на Република Северна Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021. Со тоа конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи“, напиша министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Фејсбук.
Додаде дека продолжуваат понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затворат прашањето за издавање патни исправи во странство. https://faktor.mk/pasoshite-koi-istekuvaat-po-31-juli-kje-vazat-do-31-dekemvri-2021-godina