Овошка од која месечно може да се заработат 300 евра

(Oвој напис е објавен на: June 1, 2018)

jagodi

Ако засадите јагоди, род ќе имате уште првата година, а парите кои сте ги вложиле ќе ви се вратат трикратно.

Нема друга овошка која за толку кратко време и со мали вложувања носи добра заработка и затоа граѓаните се одлучуваат за овој бизнис.

Почетниците не треба да земаат големи површини, затоа што еден хектар е доволен за првата година.

Јаков Томиќ од Суботица веќе 18 години се занимава со оваа работа, и вели дека ако се подели заработката во првата година, тогаш месечно има по 300 евра профит.

Но, за тоа да се случи, откупната цена мора да биде над 150 динари за килограм.

Ако вложите 6000 евра, во првата година ќе заработите над 13.000 евра.

Веќе во втората година на површина од половина хектар вложувањата се 2000 евра.


 

фактор

Share Button