Пауловнија нуди големи можности, но во Македонија нема откуп
Штипјанецот Миланчо Николов во 2016 година почнал да одгледува пауловнија, егзотично и ретко дрво за балканските краишта
Штипјанецот Миланчо Николов во 2016 година почнал да одгледува пауловнија, егзотично и ретко дрво за балканските краишта, но со своите состав и граѓа многу квалитетно, кое во светот, посебно во Азија, од каде што потекнува, се употребува во бродоградбата, автомобилската индустрија, за мебел и во пчеларството.
Можеби и поради тоа, пауловнијата и кај нас веќе се смета за дрво на иднината, меѓу другото и затоа што е мошне профитабилна и на светската берза има висока цена. Во соседните земји, каде што постои откуп, цената на еден кубик достигнува и до 200 евра, додека во развиените земји има и многу повисока цена.
„Бидејќи е ретко дрво, посебно кај нас, решив да направам цела плантажа. Насадот кај Врсаково е на 11 декари и располага со 970 садници. Имам 48 реда со пауловнија на потребното растојание. За шест години израснаа повеќе од шест метри и за две-три години, кога ќе имаат уште пооформено и повисоко стебло, ќе се изврши првата сеча. Карактеристично за ова дрво е што по секоја сеча само се обновува и прави нова реколта. Пауловнијата може да оствари десеткратна обновливост и да трае еден век, што не е случај со ниедно друго растение од овој вид“, вели Николов.
„Целиот насад ми e со систем капка по капка. Обезбедив бунарска вода, а меѓу садниците насадив и други култури, како јагода и бостан. Целата плантажа е окружена со посебни сорти винова лоза и со разни видови овошки“, вели Николов.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/paulovnija-nudi-golemi-mozhnosti-no-vo-makedonija-nema-otkup-veli-shtipjanetsot-milancho-nikolov-koj-go-odgleduva-ova-retko-drvo/