Дали на земјоделството на иднината ќе му треба земјоделец?

(Oвој напис е објавен на: June 4, 2018)

Трактори без возач. Дронови кои ги надгледуваат насадите. Роботи кои на нив работат. А работниците? Што ќе работат европјаните за 30 години? Дали роботите од нашата генерација ќе плаќаат здравствено и пензиско осигурување? Дали наглото воведување на технологијата ќе донесе поголеми социјални немири?

Сведоци сме на најбрзиот развој на технологијата од постоењето на светот и времето. Мултинационални корпорации веќе неколку години вложуваат најголем дел од средствата во развој на целосно автоматски процеси. Такви на кои не им е потребен човечки труд. Така, веќе денес имаме трактори без возач (или оператор) кои ја обработуваат земјата. Имаме дронови кои го надгледуваат производството и со помош на интернетот во реално време испраќаат податоци на серверите. Таму, комплексни алгоритми, врз основа на тие податоци учат како утре би можеле да носат подобри решенија. Имаме и роботи кои берат плодови подобро и поефикасно од било кој обучен хомо сапиенс. Производителите на механизација денес купуваат ИКТ старт-ап центри вредни милиони евра.

На широко се зборува за новата генерација на земјоделци во која доминираат податоците. Со нивна анализа тие добиваат нова димензија и така полека влегуваме во ера на вештачка интелегенција. Огромен напредок е постигнат во последните стотина години, но да се навратиме накратко низ минатото, да го погледнеме овој развој од друг агол.

Во светот на опишување промени постои потреба за визија, па така денес зборуваме за четири генерации на земјоделството.

Во почетокот беше аграр

Кога станува збор за првата генерација на земјоделци, со неа се опишува аграрот од почетокот на 20-от век. Работничко, високо интензивно производство со ниска продуктивност. Се одбележува со голем број на помали фарми и третина од вкупната популација на земјата вклучена во земјоделските процеси.

Зелена револуција или Земјоделство 2.0

После Втората светска војна доаѓаме до значаен напредок. Истиот започнува во 50-те години со развојот на вештачките ѓубрива и индустриските пестициди. Механизација станува поефикасна, а резултатите на производство по мерка површина стануваат драстично подобри. Населението делумно ги напушта руралните области и ги населува градовите. Овој период често се поврзува со терминот Зелена револуција.

Прецизно земјоделство и ера на персонални компјутери – трета генерација на производство на храна

Нашата сегашност е дел од тратата генерација, односно периодот на прецизни земјоделци. Започнува од 2000-та преку GPS технологијата и далечинското управување. Се обележува со сензори и управување со податоци преку персонални компјутери кои се во тотален замав. Попрецизното управување овозможено е преку искористување на сателитски технологии, а истото овозможува и варијабилна употреба на ѓубриво и пестициди. Може да се даде точно онолку колку што е потребно за секое растение. Доаѓаме до управување на потребите за секоја животинка, не за цело стадо. Се рационализираат трошоците за производство, а се зголемува производството по единица површина и/или по грло. Ефикаснот е клучниот збор. Потребата за работна рака е се помала.

Четврта генерација на аграр – Паметно/дигитално земјоделство

Простор за напредок секогаш постои – и развојот нема да запре, па се поставува прашањето како ќе изгледа иднината на производство на храна? Живееме во време на сé подобар и поефтин хардвер (сензори, актуатори, микропроцесори итн). Широкопојасниот интернет е присутен насекаде и овозможува лесен и брз пренос на податоци. Се раѓаат големи дигитални центри во облак (Cloud computing е парадигма на информатичката технологија која го опишува давањето на простор за складирање на податоци или апликациски софтвер како услуга преку интернет) кои создаваат можности за анализа на податоци (Big-data-analysis).Податоците се поврзуваат преку алгоритми за учење, исто како што учат и луѓето. Преку резултатите се учи. Уредите така учат и чекор по чекор доаѓаме до поимот вештачка интелегенција. Носење на одлуки без човечки придонес.

Човекот – предизвик на идната економија

И така, човекот со сопствениот развој станува вишок. Човечкиот мозок создава концепт во кој се намалува потребата од себе, односно од работната рака, а притоа резултира со оптимално производство. Живееме во време кога ништо не се прави без бизнис анализа и планирање.

Тоа планирање вклучува потрошувачка на енергија, капитални трошоци, амортизација на опрема и други променливи, а на кројот и работни трошоци. Од сите тие планови, последниот е најтешко предвидлив, бидејќи резултатот зависи од многу околности. Исто и трошокот за него. Во светот на бизнисот омилени се солидните калкулации и тука секогаш машините имаат предност над човекот. Тие не одат на боледување, не бараат зголемување на плата, не доцнат на работа и не се жалат на работната околина.

Неспорно е дека вложувањето во автоматизирано производство од страна на големите корпорации ќе направи уште поголем притисок врз сите останати производители. Лесно се доаѓа до заклучок дека и понатаму ќе се намалува бројот на луѓе кои се потребни во процесот на производство на храна. Наведеното сугерира голем предизвик за асоцијациите на иднината.

Роботите ќе плаќаат даноци?

Во технолошки развиените асоцијации во последната декада се водат дебати на тема: Дали треба технолошките компании да плаќаат посебни даноци бидејќи со својот напредок укинуваат работни места? Ако нема работни места се поставува прашањето како ќе се полнат здравствените и пензиски фондови? Дали нашите пензии ќе ги заработат роботи, наместо луѓе? Дали ќе се плаќа данок на процесори како што се плаќа данок на приход, па со тоа да се пополнат празнините настанати поради намалувањето на бројот на работни места?

Се наметнува ли прашањето дали модерните општества можат да одговорат со соодветни решенија на брзиот технолошки развој? Ако за неколку години роботите заменат милиони работници, дали ќе дојде до поголеми социјални немири?

Иднината на производството на храна?

Јасно е дека со земјоделство ќе се занимаваат сé повеќе машини, а сé помалку луѓе. Законите на математиката и економијата одат кон бесконечна оптимизација на процесите. Потребата за кадар нема целосно да исчезне, но децата треба уште веднаш да ги насочуваме кон иднината и новите технологии. Тракторот, нема да има оператор. Ќе гледаме дронови кои ги надлетуваат насадите, снимаат состојби и праќаат информации на сервер. Таму, софтвер ќе носи одлуки со што треба да се третираат истите, како и кога треба да се бере или жнее. Но сеуште некој ќе мора да конфигурира сервер, да направи дрон или да сервисира трактор. Плодовите ќе треба да се складираат и обработат. Секторот за услуги ќе дожувее понатамошен развој.

Како што денешното земјоделство е неспоредливо со тоа на нашите дедовци, така ни идното нема да биде споредливо со денешното. Ќе се бара повеќе знаење и вештина, а добрата вест е дека и за 100 години луѓето ќе сакаат да се хранат.

Share Button