вести

На македонските трпези се почесто се консумира козјо млеко и сирење

Козјото млеко претставува 65 отсто од потрошувачката на млеко во светот. Причините за тоа се многу, а секако најзначајни меѓу нив се здравствените придобивки од неговото редовно користење. Во Македонија потрошувачката на козјо млеко е зголемена во последните неколку години, а како резултат на тоа и бројот на одгледувачи на кози, но се уште македонските производители нецелосно ги искористуваат поволностите од бесцаринската трговија и зголемената побарувачка.

na makedonskite trpezi se pochesto se konsumira kozjo mleko i sirenje

 

Во последните години во јавноста се почесто се зборува за хранливите вредноста на козјото млеко. Нутриционистите одамна го препорачуваат поради високото количество на калциум, а граѓаните почнаа почесто да го користат во последните неколку години поради неговите здравствени придобивки. Како резултат на зголемената побарувачка за козјо млеко се зголемува и бројот на одгледувачи на кози. Сепак, главните проблеми со кои се соочува оваа конкурентна индустрија е недоволна искористеност на поволностите.

Според потрошувачите, проблем е што производите од козјо млеко потешко се наоѓаа во маркетите, за разлика од оние од кравјо млеко кои се широко распространети.

Една потрошувачка вели дека го користи козјото млеко, но во маркетите не може да најде македонско козјо млеко во тетрапак, единствено козјо млеко во тетрапак е она на Виндија.

Потрошувачите кои го користат имаат поделено мислење, не околу квалитетот, туку околу неговиот специфичен мирис и вкус. Некои велат дека и покрај тоа што знаат дека козјото млеко е многу здраво не можат да го поднесат неговиот специфичен мирис.

Друга потрошувачка која ја сретнавме во маркет вели дека дома консумираат козји производи за кои неодамна не знаела колку се здрави се додека нејзиниот лекар не и ги препорачал како замена за кравјите.

Козјо млеко всушност претставува 65 отсто од потрошувачката на млеко во светот. Причините за тоа се многу, а секако најзначајни меѓу нив се докажани здравствените придобивки од редовната консумација на козјо млеко. Една чаша козјо млеко содржи 17 отсто од дневните потреби за белковини и 20 отсто од рибофлавин. Белковините придонесуваат за градбата на мускулите, а рибофлавинот помага во продукција на енергијата. Со еден збор со употребата на козјото млеко се добива се што му е потребно на еден организам за правилен развој.

Како резултат на зголемената побарувачка за козјо млеко и поради неговата профитабилност се зголемува и бројот на одгледувачи на кози. Сепак, главните проблеми со кои се соочува оваа конкурентна индустрија во развој се недостаток на примена на техничко-технолошка опременост на фармите, неорганизирани производители кои пласираат мали и нестандардизирани количини на пазарот, што резултира со генерално недоволно искористување на достапните природни ресурси во оваа индустрија. Покрај големиот интерес покажан од развиените европски земји за козјо млеко и сирење, македонските производители нецелосно ги искористуваат поволностите од бесцаринската трговија и зголемената побарувачка.

Популацијата на кози во Македонија припаѓа на балканската раса но постои вкрстување со санската раса и во последно време со алпина. Последната раса е поддржани во воспоставените репродуктивни центри. Продуктивноста на козите е варијабилна поради различните производствени услови. Клучните просечни производствени карактеристики на козите се жива мера од 30 до 40 килограми и млечен принос од 150 литри. Јарињата се појавуваат во февруари-март и нивната телесна тежина на возраст од 60 дена е 15 килограми, кога се продаваат на локалните пазари заедно со јагнињата.

Пазарот за козјо млеко се уште е неразвиен, но цените се релативно високи. Како резултат на тоа, се повеќе фармери се опремуваат со објекти за преработка кои се наоѓаат на самата фарма и ги снабдуваат супермаркетите и продавниците за сирење со различни специјални видови сирење.

Бидејќи цената на козјото млеко е половина од цената на овчото млеко т.е. речиси еднаква со цената на кравјото млеко, многу од фармерите на овци чуваат и кози, па го мешаат козјото со овчото млеко. Целите на сегашната политика и мерките на МЗШВ во индустријата на кози и овци се зголемување на бројот и подобрување на расната структура во стадата на овци и кози во Македонија. Политиката ги поддржува индивидуалните фарми за зголемување на бројот на овци и кози во стадата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close