
Пазар на фармери в сабота во Битола
На плоштадот „Магнолија“ во сабота ќе се одржи „Пазар на локални производи“ на кој битолчани и сите посетители ќе можат да дегустираaт и да купат локална и органска храна.
„Во есента кога сите производи кои сме ги одгледувале си ги собираме за во нашите домови, оваа есен плодовите на нашите вредни членови ќе ви ги понудиме на настанот ‘Пазар на фармери’ кој ќе се одржи во сабота. Ова е одлична можност да дојдите и да нѐ посетите сите вие кои веќе сте се навикнале на производите од Slow Food да се наоѓаат на вашата трпеза“, велат од организацијата Slow Food Bitola.
На „Пазар на локални производи“ ќе може да се дегустира, да се купува, но и да се едуцира за домашна локална храна, органска храна и традиционални преработени производи.
Настанот ќе почне во 10:00 часот и ќе трае до 16:00 часот. Точната локација е плоштадот „Магнолија“ на просторот меѓу Вино бар Буре и Јени џамија, односно новиот Музеј на христијанската и муслиманската култура.
Дегустација и продажба на производи
- едукација за храна
- забава и дружба
 
					 
					 
					 
					 
					



