fbpx
ВестиМакедонија

Сончево и студено, во некои делови и преку денот под нулата

Под влијание на многу студена воздушна маса следува период на студено време со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Минусни температури изутринава се забележани речиси на територијата на целата земјата, а најниската температура е измерена во Маврово – 9 и во Берово и Крива Паланка – 8 степени.  Во Крушево температурата била -7 степени, во Прилеп, Виница и Куманово -5, во и во Штип -4, во Тетово, Скопје-Петровец -3, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Дебар -2, во Демир Капија и Дојран -1, во Гевгелија еден, во Охрид нула и во Претор два степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 40 сантиметри, каде утрово повторно паѓаше ситен снег.

Дожд имаше и во повеќе делови од земјата, а најмногу наврнал во Пожаране и Охрид 12 литри на метар квадратен.

Вдолж Повардарието ноќеска и утрово дува засилен ветер од северозападен правец, на места со брзина над 50 км/час, а во источните делови е претежно ведро.

Времето денеска ќе биде сончево и студено, со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и студено со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до три степени.

Под влијание на многу студена воздушна маса следува период на студено време со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на денот ќе бидат негативни. Утринските ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close