Пчеларите бараат дозволи да работат на пчеларниците
Здружението „Пчела“ од Крива Паланка апелира Владата да им дозволи на пчеларите непречено движење т.е. посета на пчеларниците.
Снежните врнежи и ниските ноќни температури деновиве ќе влијаат негативно на пчеларството поради вонредната состојба и ограниченото движење, посебно на повозрасните, категорија во која спаѓаат поголемиот број одлегувачи на пчели од Кривопаланечко.
Здружението „Пчела“ од Крива Паланка апелира Владата да им дозволи на пчеларите непречено движење т.е. посета на пчеларниците.
– Посета на пчеларниците вобичаено вршат еден до двајца пчелари на отворен простор и тоа не преставува голема опасност за ширењето на коронавирусот. За да нема злоупотреба, предлагаме пчеларите при контрола од полицијата како доказ да покажат и имотен лист , т.е. регистарски број на операторот (РБО), издаден од ветернарните станици со име и презиме на пчеларот и локацијата на пчеларникот – изјави Милош Славковиќ од „Пчела“.
Сите пчелари беа разлика на бројната состојба на пчелни семејства и кошници, имаат законска обврска да се ргистрирани во матичните ветернарни станици и да го поседуват овој документ, а во април, заради добивање субвенции, се должни да го пријават бројот на презимени пчелни семејства, па посетите на пчеларниците се неопходни за увид во состојбата.
– Заради поднесување документи за субвенции за 2020 година ќе има голема гужва во ветернарните станици и подрачните единици на Министерството за земјоделство, а со тоа и можност за ширење на вирусот, па апелираме годинава да се одложи рокот за пријавување – додава Славковиќ
Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.