Пчеларите бараат прогласување на елементарна непогода
Алармантна состојбата на пчеларите во земјава. Како резултат на климатските промени покосени се огромен број на пчелни семејства.
Охридските пчелари заедно со оние од Струга и Ресен побараа од надлежните да се прогласи елементарна непогода на национално ниво, досега не е забележана ваква појава на недостиг од мед.
Состојбата од година во година станува се полоша сметаат експертите.
Според добрите познавачи потребна е систематска пристапност на проблемот ,да се направи проучување за бројот на угинати пчелни семејства ,количината на приноси и последиците зошто е дојдено до оваа сотојба.
Ваквата катастрофална состојба ќе допринесе на пазарот ретко да може да се најде мед а според статистиката се намалува и бројот на луѓе кои се занимаваат со пчеларство.