Почна порибувањето со крап на Дојранското езеро

(Oвој напис е објавен на: October 2, 2018)

На плажата „Калдрма“ во Нов Дојран почна годинашното порибување на Дојранското езеро со пуштање на 1.750 килограми крап според одредбите од законот за рибарство и аквикултура со цел да се одржува и зголемува рибниот фонд во езерото кое некогаш беше регистрирано како едно од најпродуктивните езера во Европа.

Порибувањето се врши преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, а го изведува регистрираниот репроцентар „Акватика“ од Неготино чија обрврска е до крајот на октомври да произведе 12.000 парчиња крап со тежина од 200 до 500 грама со кои ќе се пориби езерото според утврдени активности и динамика на изведување.

Во годинашнава програма за финансиска подршка во рибарството и аквикултурата, Владата на РМ предвидува мерки и обезбедува и обезбедува финансиски средства за порибување на риболовни зони и подрачја како што е Дојранското езеро.

 


 

sitel

Share Button