fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВиноМакедонијаТоп вести

Пченицата ни ја зедоа за џабе, а сега сакаат и грозјето

Земјоделците се револтирани од ниските откупни цени на земјоделските производи.

Земјоделците се револтирани од ниските откупни цени на земјоделските производи. Велат дека пченицата им ја земаа за џабе, под производствената цена, а сега сакаат истото да го сторат и со грозјето. Понудените откупните цени на грозјето ги налутија лозарите, кои велат дека нема никаква економска оправданост смедеревката да се откупува по 16,5 денари, а вранецот по 19 денари за килограм, бидејќи реалната производствена цена на винското грозје е над 20 денари за килограм. За нив економска одржлива цена е 25 денари за смедеревка и 30 денари за килограм вранец, објави vecer.press

Претседателот на Национална земјоделска мрежа, Ѓорги Каракашев вели дека земјоделците се соочуваат со проблеми при пласманот на земјоделските производи поради ниските откупните цени што ги нудат откупувачите кои се погубни за нив.

-Откупот на пченицата е катастрофален од причина што откупните цени се далеку под производствените и земјоделците работат со загуба. Производствената цена утврдена од Земјоделски институт – Скопје е 14 денари, а пченицата се откупува од 9 до 11 денари за килограм. Ако државата не преземе ништо, полјоделците ќе се откажат од садење пченица. Од друга страна, пак, мелничарите и пекарите остваруваат екстра профити на сметка на земјоделците и на граѓаните кои плаќаат повисока цена на лебот, вели за весникот ВЕЧЕР, Каракашев.

Оваа година потребите за пченица се 370 илјади тони, а ние имаме производство под 200 илјади тони и за да ги задоволиме потребите и годинава треба да увезуваме од надвор.

Откупните цени на грозјето кои ги објавија винарниците во државата, Каракашев вели дека се понижувачки. Винарниците понудија За лозарите економска одржлива цена е 20 денари смедеревка и 30 денари за килограм вранец.

-Откупните цените кои беа објавени во законски рок, односно до 1 август се економски неоправдани и лозарите во старт се во загуба. Никој не ги прашува и не се договара со лозарите за тоа по која цена би било рентабилно да се откупува грозјето и која ќе одговора и на производителите и на откупувачите и преработувачите. Винариите за жал, се уште ги диктираат условите, вели Каракашев.

Винарниците понудија 16,5 денари за килограм смедеревка и 19 денари за килограм вранец, кои немаат никаква економска одржливост, бидејќи реалната производствена цена на винското грозје е над 20 денари за килограм. Според тоа, за лозарите прифатлива цена е 25 денари за смедеревка и 30 денари за килограм вранец.

Според Законот за вино од 2024 година Министерството за земјоделство е задолжено до 15 јули да изготви производствена цена и врз основа на неа да формира гарантирана цена која е повисока за 25 отсто од производствената. Но, Министерството доцни со пресметките.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close