Во пресрет на новата работна сезона ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна со издавање на евидентни листови за тутун. Како што информираат оттаму издавањето на евидентните листови ќе трае до 29 Март 2019 година. Со цел да м излезе во пресрет на сите производители на тутун подрачната единица во Битола ќе работи во две смени започнувајќи од 07:30 до 20:30 часот.
Во измината година, 2018, беа произведени околу 3500 тони на тутун. Беа склучени околу 3000 договори со 9 откупни претрпијатија. Просечна цена по која беше откупен тутунот изнесуваше 215 денари.
„Со оглед на тоа што во изминатата година се одеше во најдобар ред, во однос на откупната цена и задоволните тутунопроизводители , оваа година очекуваме бројот на евидентни листови да е зголемен и да бидат посадени околу 2000 ха насад со тутун“,соопштуваат од ПЕ МЗШВ Битола.
Во текот на денешниот ден се издадени околу 170 евидентни листови.
П.Ј.