fbpx
Вести

Печуркарска треска го зафати Кичевско

Дождот што во изобилство наврна пред две недели, покрај проблемите што ги создаде во повеќе делови од земјава, на печуркарите од кичевскиот регион им донесе солидна заработка. Слободно може да се рече дека деновиве жителите од овој регион ги зафати печуркарска треска, и повеќе луѓе можат да се сретнат во шумите отколку во градот и во селата.

pechurska treska go zafati kichevsko

 

Нашите очекувања дека последните обилни врнежи од дожд во значително ќе придонесат за појава на печурките во регионот, во голема мера се остварија, бидејќи без малку во сите делови од општината печурките добро родија. Сепак најмногу печурки се појавија во регионот на Рабетинска Река, во селата Речани, Светорача, Ижишта, Крушица, како и селата во зајаскиот регион, но очекуваме наскоро да се појават и во преостанатите региони. Во првите два дена квалитетот на вргањот беше извонреден и речиси целиот од прва класа, но како што одминуваат деновите така и квалитетот на печурките е се полош. Цената за еден килограм откупени печурки од прва класа изнесува 140 денари, а за втора класа цената е нешто пониска. Откупените количества засега имаат добар пласман и на тој план можеме да 6идеме повеќе од задоволни вели Горан Лазарески, печуркар и откупувач од Кичево.

Жителите од регионот се задоволни што сепак донекаде ќе ја спасат годината и ќе остварат пристојна заработка.

Изминатите три-четири дена имавме добра берба на печурки. Во нашиот регион има големи количества вргањ и за еден ден, ако не послужи среќата, можеме да собереме и 10-15 килограми. И ако овие количества се помножат со откупната цена, може да се пресмета дека заработката е сосема добра, но разочарува тоа што печурката брзо старее и го губи својот квалитет, што од друга страна ја намалува откупната цена, a со тоа и нашата заработка ни рекоа Гоце и Петар, печуркари од Рабетинска Река, кои деновиве се целосно посветени на оваа кампања.

Откупувачите се задоволни од фактот што конечно и ова лето барем одреден период ќе имаат работа, а интересот на извозниците ги мотивира целосно да се посветат на овој откуп.

– Количествата што ги предаваат печуркарите се движат просечно од 3 до 8 килограми. Откупната цена се движи од 120 до 150 денари за килограм вргањ од прва класа, додека цената за втората класа изнесува 60 денари. Ho по само два-три дена од оваа кампања, печурките што се предаваат претежно се од втора класа, а причината лежи во големата влага во почвата и силната сончевина во текот на денот. Карактеристично е што кичевскиот регион е еден од ретките, каде што печурката добро роди. Сите големи откупувачи од Прилеп, Битола и од други градови, се присутни на терен и очекуваат досегашниот празен од да го надоместат со августовскиот род вели Стојко Милошески, искусен собирач и откупувач на печурки.

Во бродскиот регион собраните количества се нешто помали за разлика од Кичевско, а во Порече најмногу печурки има во селата во регионот на Самоков.

– Деновиве и во нашиот регион активни се собирачите на печурки, но за разлика од претходните години количествата на собраните печурки се нешто помали. Карактеристично е што најмногу печурки има во регионот на Самоков, каде што гравитираат дваесетина села, додека во преостанатите региони или ги има во минимални количества или воопшто ги нема рече Сиљан Петкоски, откупувач од Македонски Брод.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close